| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со детали како се одвивале преговорите со ДУИ: Не поради СЈО, туку поради Платформата не дојде до договор со ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на партијата Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна политика на партијата Александар Николоски остварил средба со амбасадорката на Република Турација Еркал Кара и дека на истата било наведено дека не поради СЈО, туку поради Платформата не дошло до договор за коалицирање со ДУИ.

„Во поглед на внатрешните случувања од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека се соочуваме со политичка криза и зад нас како држава е еден тежок период во кој се случија работи кои очигледно долго се подготвувале со одредена помош на надвореши центри, што патем речено и беше директно отворено соопштено од Зоран Заев на средбите кои во предвечерјето на кризата тој ги имаше со Никола Груевски кога го уценуваше со објавување на илјадници креирани матерјали, нешто што и целата јавност го виде. Во продолжение беше посочено, дека после се, повторно следеа фер и демократски избори на кои ВМРО-ДПМНЕ доби нов легитимитет на избори кои никој не ги оспори, иако беа очигледни одредени влијанија кои помагаа на одредени субјекти во годината пред изборите“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се потенцирало дека ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на гласови и мандати и „сега имаме ситуација каде имаме обид тоа да се изгира,и дека  тоа не е добро за државата, создава нови кризи и затоа во партијата се смета дека е зрела ситуацијата за нови избори“.

„ Се посочи исто така дека во првите 20 дена од доделувањето на мандатот партијата имаше разговори за формирање на коалиција со ДУИ. Во тој период беше очигледно дека имаше вмешување на надвореши фактори вклучувајки и соседни земји што резултираше со изработка на нова платформа на албанските партии . Македонија има рамковен договор кој беше договорен во 2001та година со посредство на меѓународната заедница која, како и сите инволвирани страни,во целиот изминат период нагласуваше дека не постои можност за негово репреговарање. Оваа платформа се чини дека е токму тоа, и вистинското име на платформата е всушност обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор.
Меѓународната заеднца ја превзема улогата да биде еден вид гарантор на Рамковниот договор.Затоа од ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека  Постапката за репреговарање на охридскиот рамковен договор, преку форма наречена Платформа  може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи, односно свои барања за репреговарање на договорот од Охрид.
Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајки во обзир дека повторното преговарање на Охридскиот рамковен договор е всушност отворање на пандорина кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата платформа“, велат од таму.

Од партијата, како што нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, било потврдено дека СЈО треба да ја работи својата работа професионално, а не како марионета на СДСМ и други надворешни центри и согласно договорот од јуни јули 2015та, без негово менување, вклучувајќи и без негово продолжување.

„При тоа беше нагласено дека не е точно дека тоа беше причината за непостигнување на договор за коалицирање на ДУИ, иако очигледно е дека на ДУИ и одговара така да ја престави работата. Во реалноста всушност освен што на почетокот се констатира дека по ова прашање имаме различни позиции, над 95 осто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците, каде беа и главните разлики.
Во разговорите со ДУИ ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање за што исто така имаше многу разлики“, ги соопштува деталите ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се посочи дека очигледно е дека одредени партии сакаат да ја заобиколат партијата која освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори и „сакаат на тој начин да ги остварат целите поврзани со Законот за употреба на јазиците“.

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш „треба да им е јасно дека за измена нна таков закон потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската зедница, поточно потребно е и мнозинство од македонците во парламентот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top