Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да, изјави Артан Груби.
Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби во интервју на ТВ Алсат во емисијата „200“, изјави дека ДУИ и СДСМ продолжуваат со внатрепартиски консултации и дека доколку биде прифатена платформата на Aлбанците, вклучувајќи и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција за нова Влада.
– Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа ѝ помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да – изјави Артан Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.