| четврток, 6 декември 2018 |

Евзони се уште затворен, магла на Ѓавато

evzoni traktori4

Граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци се уште е затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени.

Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека на патиштата низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од  50 до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато.

Воздушниот сообраќај се одвива нормално и утринава на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top