| четврток, 6 декември 2018 |

Рома ја декласираше Фирентина на „Олимпико“, за второ место на табелата (видео)

roma

Рома со убедливи 4-0 славеше против Фиорентина во 23. коло од Серија А.

Во извонредна партија „римската волчицата“ лесно дојде до посакуваните три бода, најавувајќи ја победата во 39. минута со погодокот на Един Џеко.

Во вториот дел римјаните постигнаа уште три погодоци, најпрво стрелаа Фацио во 58. минута и Наинголан во 75. минута, а конечните 4-0 ги заокружи Џеко со својот втор гол во 83. минута.

Со новите три бода Рома, сега со 50 бода се проби на втората позиција на табелата, со четири бода минус во однос на водечкиот Јувентус, а два повеќе од третопласираниот Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top