Според одлуката на врховниот командант на Вооружените сили, започна проверка на воздушно-вселенските сили на Русија, соопшти рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу.
-Денес, во рамките на одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Руската Федерација, поради оцека на подготвеноста на органите на воената управа и силите за извршување на борбени задачи, започна вондредна проверка на воздушно-вселенските сили“, изјави Шојгу на состанокот во Министерството за одбрана.
Според неговите зборови, во 9 часот по локално време, органите на воената управа и единиците започнале со подигање на нивото на борбена готовност на висок степен.
-При проверката, посебно внимание ќе биде посветено на состојбата на готовност на војската, распоредувањето на системите за против-воздушна одбрана во воено време и подготвеноста на нашата авијација да се спротистави на евентуална агресија. Сите единици ќе минат тактички воени вежби и контролни задачи“, додаде Шојгу.
Тој наложил за време на вежбите исклучително да бидат почитувани строгите барања за безбедност, да се сочува оружјето и муницијата, да се исклучат случаевите за нанесување на штета на државниот имот и да не се дозволи да има било какво негативно влијание на животната средина.
Поради реализација на задачите кои што ги поставил врховниот командант во Генералштабот при Воздушно-вселенските сили на руската армија, била формирана и посебна контролна група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)