| четврток, 6 декември 2018 |

Заклан војник среде Париз – копија на лондонското убиство

paris vojnik

Непознат маж го прободел 23-годишниот француски војник додека овој патролирал во деловниот кварт Ла Дефанс, во западниот дел на Париз, само четири дена откако во Лондон беше брутално убиен британскиот војник Ли Ригби.

Војникот во униформа патролирал со уште двајца мажи, во рамките на антитерористичкиот план за надгледување, кога напаѓачот околу 18 часот му пришол од зад грб и го прободел во вратот со нож или со скалпел, пренесува Ројтерс.

Тој во критична состојба бил пренесен во блиската воена болница. Пјер-Андре Пејвел, началникот на полицијата, рекол дека војникот загубил многу крв, но дека не му е загрозен животот.

Напаѓачот брзо избегал од местото на настанот и полицијата трага по него, пишува „Телеграф“ и додава дека на ова се гледа како на можно копирање на нападот во Лондон.

Полициски извор изјавил за „Ле Паризиен“ дека осомничениот за нападот е со северноафриканско потекло, со брада, на возраст од околу 30 години, и дека носел облека „во арапски стил“ под јакната.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во моментов е во Етиопија на самит на Африканската унија, рекол дека нема докази за поврзаност меѓу убиството во Лондон и нападот во Париз, но дека мора да се земат предвид сите опции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top