| четврток, 6 декември 2018 |

Потресна животна приказна на славниот фудбалер: Никој не ја знае правата вистина

lovren

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен често знае да се најде на мета на навивачите на Ливерпул поради повремените киксови, но знае и да пружи одлични партии кога со својата пожртвуваност ги освојува симпатиите на фановите. Како и да е, Ловрен е еден од фаворитите на тренерот Клоп во дефанзивната линија, а за него клупската телевизија на Ливерпул снимила и краток документарен филм.

Филмот се вика „Ловрен: Мојот живот како бегалец“ кој премиерно ќе се прикаже утре на споменатата телевизија. Во трејлерот од филмот може да се види како Ловрен отворено зборува за тешкото детство и деновите кои ги минал како бегалец за време на војната во Југославија пред да избега од својот дом во Босна и Херцеговина.

– Би сакал да можам да објаснам се што се случи. Ќе слушнете разни верзии за тие настани, но никој не ја знае правата вистина. Едноставно се’ се смени преку ноќ. Војна меѓу довчерашните соседи, секој со секого, три различни култури. Луѓето се сменија, а ние слушавме различни приказни на телевизија.

– Се сеќавам колку се плашев некоја бомба да не падне врз нас. Мајка ми не носеше во подрум каде седевме додека не оглсат крај на узбуната. Потоа со мајка ми и вујко ми отидовме во Германија, раскажал за клупската телевизија хрватскиот дефанзивец за дел од траумите кои ги доживеал како мало момче за време на војната во Југославија.

– Моето семејство да останеше во Босна, не знам дали сега ќе бев жив. Затоа ми е тешко кога ги гледам бегалците од Сирија. Јас секогаш ќе и бидам благодарен на Германија што не прими со семејството, но мислам дека и на луѓето од Сирија треба да им ја дадат истата шанса, вели Ловрен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top