Градот Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето почна со миење на улиците. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со пет автоцистерни во текот на изминатата ноќ и денеска врши машинско миење на поголемите улици и булевари во градот.
Од Град Скопје информираат дека се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.
Во текот на целиот денешен ден, вкупно 215 работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи машински да ги мие улиците и во текот на ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.