| четврток, 6 декември 2018 |

Пo препорака на Обама: СДСМ најмил маркетинг експерти од САД да му ја водат кампањата (ВИДЕО)

Администрацијата на Обама најмила двајца маркетинг-експерти да му ја водат кампањата на СДСМ за изборите од 11 декември. Двајцата експерти за маркетинг и политички кампањи од САД биле ангажирани од СДСМ, по нарачка на тогашната администрација на САД, да помагаат и да ја водат кампањата на СДСМ за изборите од 11 декември, обелодени новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов емисијата „Во вентар“.

erik barns (2)

kim devil (4)

 

Ерик Барнс и Кимберли Девлин се двата експерти за маркетинг и политички кампањи, кои беа донесени во Република Македонија и кои требаше да грантираат победа на опозицијата на изборите на 11 декември. По две одлагање на изборите на 26  април и на 5 јуни минатата година, на изборите на 11  декември САД и целата меѓународна заедница не сакаа да се случи никаква грешка и требаше да дојде до победа на опозицијата на тие избори. Затоа овие двајца експерти беа донесени од САД, едниот од Вашингтон, едниот од Хјустон, да помагаат и да ја водат кампањата на СДСМ. За жал на меѓународната заедница СДСМ и опозицијата не победија на тие избори, вели Ефтов.

viber imagee

kim devil (2)

На социјалната мрежа Фејсбук на профилите на двајцата експерти има и фотографии од митинзи на СДСМ. Едниот од нив, Ерик Барнс, е сликан на митингот на СДСМ во Скопје, што само ја поткрепува тезата дека експертите за политички кампањи и маркетинг биле во функција на СДСМ за изборите од 11 декември. СДСМ ќе треба да одговори од чии пари и колку биле платени двајцата експерти од САД имајќи предвид дека СДСМ нема пријавено дека користел услуги од видни експерти од САД. Затајувањето на оваа информација отвора сомнеж дека маркетинг експертите можеби биле платени на друг начин.

kim devil (7)

Досега многупати пишувавме дека постојат индиции дека кампањата на СДСМ е финансирана од непријавени и нелегални извори, а СДСМ досега не даде одговор за потеклото на парите.

Порталот Нетпрес минатава недела објави неколку текста за финансиските малверзации на СДСМ, во кои пишува дека СДСМ направиле фингиран извештај со фингирани суми  на име исплата за разни услуги.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top