Здолништата од тексас оваа есен се едни од задолжителните парчиња облека.
Освен што се многу практични, исто како и фармерките, може да ги носите во различни комбинации – од оние деловните, со кошула, елегантна маица, палто и високи потпетици, преку лежерни комбинации со балетанки и во спортска комбинација – со патики.

Затоа, задолжително побарајте здолниште од тексас кое ќе ви прилега не само на вашиот вкус, туку и на облеката и на чевлите што ги имате.
Здолништата од тексас оваа есен може да се најдат во разни должини и кроеви, од класични до асиметрични.
Особено се актуелни здолништата во различни варијанти на должини, форми, нијанси и дезени. На пример мини-здолништа со едноредно закопчување, макси-фустаните од тексас, здолништата на преклоп.

Copyright © 2013 infinitas.
Article Photo for Denim Jeans Observer
www.denimjeansobserver.com
All brands, product names, corresponding products, supplementary materials, graphic or photographic images, licenses, registered trademarks, trademarks and service marks are the property of their respective owners.
Здолништата од тексас ги предлагаат многу дизајнерски имиња, како што се Фенди и Стела Мекартни. Во 90-тите години на минатиот век беа многу популарни А-кроевите, чијашто должина беше под колена, а напред се закопчуваа по целата должина со метални копчиња. Оттогаш поминаа 20 години и денес ова здолниште е реинтерпретирано на неколку начини. Некои дизајнери ги украсија со цвеќе или со нитни, а во широката лепеза на понуди може да најдете секаква должина – од мини, преку миди, до макси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


