| четврток, 6 декември 2018 |

Седум илјади долари казна за нервозниот Шаповалов, кој со топче удри судија

sapovalov

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов е казнет со 7.000 долари бидејќи на меч од Дејвисовиот куп во рамките на светската група со топче го удри судијата Арно Габас.

Во петтиот меч од дуелот меѓу Канада и Велика Британија при резултат 2-2 Британецот Кајл Едмонд водеше со 2:0 во сетови, во четвртиот гем од третиот сет (6:3 и 6:4 и 1:2). Шаповалов по еден аут, во знак на незадоволство со топче го погоди во главата (во пределот на окото) главниот судија.

– Тоа беше недолично однесување од моја страна. Се чувствувам ужасно што го изневерив мојот тим, мојата земја. Ова е последен пат да направам вакво нешто – изјави 17-годишниот Шаповалов.

Канадскиот тенисер беше дисквалификуван од мечот и го загуби со што и Канада загуби од Велика Британија.

На судијата Габас му беше извршен преглед во болница во Отава, неговото око не е повредено, но, сепак, ќе мора да оди на уште прегледи кога ќе се врати во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top