| четврток, 6 декември 2018 |

Британски шпиони виновни за нападот врз војникот во Вулвич?

vojnik ubien

„Овој вид индивидуални напади, во стилот на ‘осамени волци’, за кои не треба големо планирање, ниту пак специјална опрема, ќе станат еден од главните начини на кои луѓето ќе протестираат“, вели Ени Макон, поранешен разузнавачки офицер на МИ5.

Безбедносните служби на Велика Британија ќе бидат подложени на истрага откако било откриено дека британската служба за контраразузнавање МИ5 осум години знаела за двајцата осомничени за убиството на младиот војник во Вулвич.

По убиството многумина ја обвинуваат надворешната политика на Велика Британија како корен на трагедијата, пишува Раша тудеј.

Безбедносните служби се подложени на истрага откако било откриено дека двајцата осомничени убијци во Вулвич пред осум години биле означени како сомнителни од страна на МИ5. Како реакција на ова откритие, Долниот дом почнал истрага на справувањето на британските безбедносни служби со убиството.

Меѓутоа, официјалните безбедни лица тврдат дека и покрај досиејата на двајцата осомничени, било речиси невозможно да се спречи нападот. Експертот за разузнавање Глен Монтавор рекол дека осомничените – Адболахо, 28, и Адбол, 22 – најверојатно немале намера да извршат вакво кривично дело и дека времето и целта биле избрани случајно.

„И покрај тоа што нашите безбедносни служби знаеле за овие сторители, речиси е невозможно да се предвиди кога луѓето одеднаш, речиси по случајност, ќе ги одберат времето и местото, а овој кутар несреќен војник бил целта“, рекол Монтавор за РТ.

Аматерското видео добиено од британскиот весник Сан покажува како полицајците пукаат во еден од осомничените, кој наводно пукал по нивниот автомобил кога тие пристигнале на местото на злосторството.

„Овој вид индивидуални напади, во стилот на ‘осамени волци’, за кои не треба големо планирање, ниту пак специјална опрема, ќе станат еден од главните начини на кои луѓето ќе протестираат“, вели Ени Макон, поранешен разузнавачки офицер на МИ5.

Метрополитен-полицијата денеска соопшти дека двете жени на возраст од 29 и 31 година што беа уапсени како дел од истрагата за убиството се ослободени без обвинение. 29-годишниот маж што беше уапсен под сомнение за заговор за убиство останува во притвор.

Беше откриено и дека еден од напаѓачите е преобразен муслиман. Мајкл Адболахо го прифатил исламот подоцна во животот, по напуштањето на универзитетот, кога ѝ се приклучил на сега веќе забранетата исламистичка организација Ал Мухајирун. Тој, исто така, го сменил името во Муџахид – што значи „оној што се впушта во џихад“. Адболахо бил активен член на групата и редовно присуствувал на состаноците и демонстрациите.

Се разгореа и шпекулации во врска со мотивот на осомничените за убиството – она што двајцата мажи го нарекоа „око-за-око“, чин на одмазда за муслиманите убиени во странство од страна на британските војници. Многумина сугерираат дека нападот бил одмазда поради британското учество во конфликтите во Авганистан и во Ирак.

„Ако ги слушаш зборовите на самите напаѓачи, јасно е дека сакаат во Лондон да ја донесат војната што ја виделе на улиците на Багдад и Кабул“, вели Карл Милер, директор за истражување од британскиот институт Демос.

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон побрза да ги негира тврдењата дека мотив за нападите биле екстремниот ислам или надворешната политика на Велика Британија. Меѓутоа, поранешниот градоначалник Кен Ливингстон го обвини Џонсон за бесрамно лажење: „Тие лажат. Тие се целосни соучесници со американската политика, исто како што Тони Блер беше со Џорџ Буш. Тие не се спремни да се исправат и да кажат, Добро, мислиме дека оваа стратегија е катастрофална“, изјавил тој за РТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top