Графолозите во Македонија ќе имаат работа деновиве да одлучат дали потписот на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е фалсификуван или не. Македонскиот портал мкд.мк денеска го објави документот на кој се гледа дека Пандев својот глас за најдобар тренер во Европа го дал за Винсенте дел Боске, а не за Жозе Мурињо, како што тврдеше капитенот на „црвено-жолтите“. Потоа, порталот „Оф.нет.“ објави сликичка со автограм на кој се гледа дека потписот на Пандев не е ист како тој на документот за гласање.
Сево ова предизвикува сомнежи во целата работа во врска со гласањето на Пандев во ФИФА. Еве ги фотографиите што беа објавени на порталот мкд.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.