Метеоролозите за утре и за в среда најавуваат нестабилно време проследено со локален пороен дожд и грмежи.
Утре во попладневните часови, посебно во западните и во северните делови од земјата, ќе има зголемување на облачноста проследена со пороен дожд и со грмежи.
В среда на повеќе места ќе има врнежи, грмежи и ветер. Утре ќе биде најсвежо во Маврово со 23 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што живата на термометарот ќе се искачи до 37. степен. Во Скопје и околината се очекува да преовладува слично време со локален дожд и со температура до 32 степени.
Од следните денови се очекува стабилизација на времето, а температурите ќе се движат во интервал од 33 до 36 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.