Здружението „Стоп операција Сорос“ (СОС) добива закани за тужби од невладини организации, откако објавија дека спровеле истражување и точно ги утврдиле граѓанските активисти и НВО што помогнати со финансиски средства од фондацијата на Џорџ Сорос влијаеле директно во изборните процеси изминатите години.
Некои од нив сега бараат јавно извинување од СОС за изнесените информации, тврдејќи, во сопствена одбрана, дека се невистинити.
Новинарот Цветин Чилиманов, еден од иницијаторите за формирање на движењето, вели дека поседуваат докази за сето изнесено, но истовремено, како што коментира тој, ниту една од овие невладини не ги демантирале објавените суми на плати на високите функционери на фондацијата на Сорос.
– А зошто немаше тужби, закани или деманти за платите на високите функционери на Сорос? Јасна е нервозата во оваа организација откако американскиот Kонгрес најави дека ќе спроведе истрага, јасна е вознемиреноста и во американската амбасада, не можат да го сокријат фактот дека со години финансирала партиски поврзани и испреплетени организации и тоа само од една страна на политичката поделба во Македонија – вели Чилиманов за „Дневник“.
Тој вели дека по објавата дополнително добивале информации и докази од граѓани во прилог на тоа што го објавиле.
– Изминативе денови добиваме информации од голем број граѓани, кои дополнително потврдуваат дека организациите на Сорос во Македонија функционирале како партиски штабови. Учествувале и организирале протести, герила акции и во ниту еден ден досега ниедна од овие организации не билe активни на другата страна – политички, без разлика дали за ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија, освен за СДСМ – објаснува Чилиманов.
Тој додава дека, сепак, објаснувањето за начинот на функционирање во Македонија посочените невладини организации ќе треба да го дадат не во Скопје, туку во Вашингтон.
Неодамна СОС објави дека документ од дваесет страници, во форма на истражување веќе е дистрибуиран до неколку надлежни институции во САД и во светот, за да алармира за начините за финансирање на голем број невладини организации во земјава финансирани од фондацијата „Институт отворено општество“, како и, како што велат, за злоупотребите на Американската агенција за развој УСАИД, која поголем дел од проектите што ги финансирала биле за партизација на невладиниот сектор, за водење црна кампања, за организирање насилни протести за уривање на легитимната власт, за прирачници за организирање насилни протести како и за отворање на македонската јужна граница за слободен проток на мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Чилиманов: На СДС не им треба да потпишат некаков договор за да се откажат од грижата за Македонците во соседните држави
-
Чилиманов: Специјалната војна против Македонија влезе во нова фаза (ВИДЕО)
-
Сорос почна кампања за локалните избори: Со здравјето и со потомството НВО ги уценуваат валандовчани
-
Чилиманов: По сè што направи СДСМ, го обвинуваат Владо дека поттикнувал граѓанска војна?!