| четврток, 6 декември 2018 |

Шокатна насловна на неделник: Што е жена без цицки

Познатиот босански неделник „БХ Дани“ на својата насловна објави фотографија на Анџелина Џоли со наслов „Што е жена без гради“, што предизвика бурни рекации кај јавноста.

Според зборовите на Џоли, пред мастектомијата постоел ризик од 87% да добие рак на дојка поради присуството на генот БРЦА1.

– Кога дознав за мојата ситуација, одлучив да го минимализирам ризикот колку што е можно повеќе. Одлучив да подлегнам на двојна превентивна мастектомија – изјавила познатата актерка.

Многумина се зачудени од ваквата одлука на неделникот бидејќи главната уредничка е жена, Џенана Каруп Друшко, а исмејувањето на познатата актерка би можело и да му наштети на неделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top