| четврток, 6 декември 2018 |

Пет години ги проучувал најбогатите луѓе и сфатил дека имаат една заедничка работа

Томас Корли поминал пет години проучувајќи ги најбогатите луѓе на светот, за да открие дали имаат заеднички карактеристики и сфатил дека баш сите избегнуваат еден ист тип на луѓе – песимисти.

– Милијардерите многу внимаваат на тоа со какви луѓе се опкружени, а успешен си онолку колку што се успешни луѓето околу тебе. Затоа, богаташите секогаш се дружат со оптимистични луѓе, кои се полни со ентузијазам и амбиција и кои секогаш позитивно гледаат на животот – пишува Корли во својата книга „Промени ги твоите навики, промени го твојот живот“ („Change Your Habits, Change Your Life“)

86 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да се дружат со други успешни луѓе, кои секогаш размислуваат за тоа како да постигнат нешто повеќе, а дека ги избегнуваат негативните „отровни“ луѓе.

– Долгорочниот успех е можен само ако позитивно гледате на својата околина – заклучува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top