| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатите луѓе во историјата, само уште еден од нив е жив

На листатата на американскиот магазин “Тајм“ (Time), најбогат човек на сите времиња е Манса Муса, кралство во Западна Африка, кој владеел во 14 век.

Неговото кралство во тоа време било најголем производител на злато, кое тогаш се сметало за неприкосновено мерило за богатство.

Новинарите на “Тајм“ разговарале со многу економисти и истпричари и на основа на низа критериуми да утврдат, кои биле луѓето кои имале најголема економкс амоќ и влијание.

Листата на најбогати луѓе на сите времиња претставува обид за рангирање на историските личности според нивното економско влијание.

По најбогатиот Манса Муса, еве како изгледа останата листа:

Август Цезар (63 п.н.е – 14 п.н.е, Римско Царство)

Не само што Римската империја имала учество во третина од светскиот БДП, туку и Цезар сам имал многу богатство. Се проценува дека неговото богатство изнесува приближно 4.6 милијарди долари, а бил и сопственик на Египет.

Царот Шензонг (1048-1085, Кина)

Во времето на неговото владеење, Кина била најмоќната економска империја во светот. Неговото богатство доаѓало од техничките иновации кои биле стотици години пред своето време.

Акбар Велики (1542 – 1605, Могулско Царство, Индија)

Најголемиот владател на индиската династија владеел со индиското царство кое имало четвртина од светскиот БДП.

Јосив Сталин (1878 – 1953, Советски Сојуз)

Сталин бил диктатор кој контролирал една од најголемите економии во светот во неговото време. СССР во 1950 година, три години пред смртта на Сталин имал 9.5 учество во светската економија. Ова ниво на производство денес одговара на 7.5 милијарди американски долари. Иако тие пари не припаѓале лично на Сталин, тој лично ја контролирал оваа „фабрика од пари“.

Ендру Карнеги (1835 – 1919, Америка)

Иако Рокфелер било медиумски поекспониран, Карнеги веројатно бил најбогатиот Американец на сите времиња. Овој шкотски имигрант ја продал својата компанијa за 480 милиони долари. Во тоа време тоа бил износ од 2.1% од БДП на америка. Денес би биле 372 милијарди долари.

Џон Д.Рокфелер (1839 – 1937, Америка)

Рокфелер се збогатил со нафтениот бизнис во време кога овој бизнис не бил добро разработен. Во 1880 година, неговата компанија „Standard Oil“ контролирала 90% од производството на нафта на Америка. Кога починал, неговото богатство било проценето на 1.5 милијарди долари што тогаш биле 2% од американскиот БДП. Денес бројката е околу 341 милијарда долари.

Алан Руфус (1040 – 1093, Англија)

Внукот на Вилијам Освојувачот заедно со својот вујко учествувал во освојувањето на Нормандија. Кога починал, неговото богатство се проценило над 11 илјади фунти, а тоа е околу 7% од БДП на Англија.

Бил Гејтс (1955, Америка)

Единствениот жив човек на оваа листа, чие богатство се проценува на околу 80 милијарди долари. Гејтс претставува најбогатата личност на денешницата.

Џингис-кан (1162-1227, Монголско царство)

Неговото богатство во најголем дел било земја, а станува збор за еден од најголемите војсководци на сите времиња. Го контролирал просторот од Кина до Европа, а неговото царство било најголемо на сите времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top