| четврток, 6 декември 2018 |

Пресметајте го вашиот број и неговото значење со Питагоровата нумерологија

Untitled-11-620x350

Познатата превртена пирамида ќе ви помогне според датумот на раѓање да пресметате кој е вашиот број и  какви се вашите позитивни и негативни карактеристики според него.

Методот за пресметување според старата Питагорова нумеролошка анализа може да го погледнете на фотографијата.

numerologija-pitagora

 

Буквите A и B го означуваат денот на раѓање, додека C и D го заменуваат месецот. Е F G H се заменуваат со бројките од годината на раѓање. Понатаму, останатите бројки ги добивате со соодветното собирање чекор по чекор во пираидата.

Пример:

primjer-pitagora-numerologija

 

 

Значењето на броевите во нумеролошкиот Питагоров триаголник

Бројките во внатрешноста на триаголникот претставуваат збир на облици, што укажуваат на одредени делови на животот на еден поединец и неговата интеракција со другите луѓе.

O

е најважниот број и е извор на сите броеви, а во исто време, среќниот број.

I, J, K, L, M, N, O

овие броеви во Питагоровиот триаголник ни зборуваат за карактерот и за однесувањето на лицето за кого е направена анализа.

S, T, U, V, W, X, P, Q, R

Броевите надвор од Питагоровиот триаголник ни кажуваат за интеракцијата на личноста со својата околина, со пријателите и со подалечното семејство.

I, J
Бројките говорат за таткото на личноста (татков сектор).

K, L
Бројките говорат за мајката (сектор на мајката).

I, J, K, L
броевите ја претставуваат личноста во младите денови на возраст од една до дваесет години (од раѓање до 20-тите).

M, N
Бројките говорат за средната доба настарост од 21 година до 40.

Сите броеви во дијаграмот и надвор од него
По 40-тата година, сите броеви имаат еднакво влијание.

 

Позитивни особини на броевите во Питагоровиот триаголник

1 – Родени лидери, мноштво на вештини, независни, освојувачи на цели, праведни.

2 – Добри комуникациски вештини, сталоженост и рамнодушност, колекционери, пријателски расположени.

3 – Извршувачи, проактивни, со јасни мисли, креативни.

4 – Добри стратези, интелигентни, трагач по знаења, екстровертни, прецизни.

5 – Со добро чувство за насока, љубопитни, добри рефлекси, ја сакаат слободата

6 – Мудри, уметнички настроени, имагинативни, со силни семејни вредности.

7 – Добри меѓучовечки вештини, добри комуникациски вештини, добри аналитички вештини, лојални, среќни.

8 – Одговорни, доверливи, стабилни

9 – Оптимисти, либерални, бизнис-ориентирани, фантазери.

 

Негативни карактеристики на броевите во Питагоровиот триаголник

1 – Тврдоглави, егоцентрични, осамени.

2 – Неодлучни, срамежливи, без упорност, со меко срце.

3 – Импулсивни, арогантни, несериозни, палави.

4 – Несигурни, нетрпеливи, претерано праведни, троми.

5 – Тврдоглави, склони кон растурање, избувливи, нетрпеливи.

6 – Материјалисти, егоисти, горди.

7 – Oдолговлекувачи, невнимателни, неодлучни.

8 – Загрижени, угнетени, недостатокот на ред во работата.

9 – Преемоционални, нереални, користољупци, не се педантни, самотници.

 

Доколку ве мрзи сами да пресметате, пресметајте го го вашиот број тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top