Македонскиот претставник во регионалните кошаркарски АБА и БИБЛ лига, Карпош Соколи ќе остане без хрватскиот интернационалец Зоран Вркиќ.
Вркиќ, поради повреда предвреме го заврши саботниот натпревар на „скоколите“ против ФМП во рамките од АБА лигата, кој нашата екипа го доби по продолжението.
Изразот на неговото лице најавуваше дека се работи за посериозна повреда, а сомнежите се потврдени денеска. По направената снимката со „магнетна резонанца“ констатирано е дека Хрватот има „кинење” на предните вкрстени лигаменти на левото колено, повреда која ќе мора да се третира оперативно, по што ќе следи подолг период на рехабилитација.
Сериозен удар и за амбициите на тимот од Карпош особено ако се земе в предвид дека во овој втор дел од сезоната, играат многу подобро отколку на почетокот.
Вркиќ кој настапи на 21 натпревар АБА лигата, а на кој имаше просечен учлинок од 11.8 поени, 5.2 скока и 2. Асистенции, беше еден од најдобрите поединци во редовите на Карпош Соколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.