Оскаровецот режисерот Оливер Стоун го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги објави тајните документи за украинскиот конфликт.
Стоун во интервјуто за руската телевизија Прв Канал, вели дека граѓаните на САД не се запознаени со реалната ситуација во Украина.
-Доколку сум јас Трамп, би ги објавил сите информации за Украина. Би ги објавил и за Сирија, но пред тоа за Украина, со оглед на тоа дека од таму започна новата Студена војна- рекол тој.
Стоун исто така ги нарекол бајки тврдењата на американскиот естаблишмент дека Русија го окупирала Крим, дека учествува во конфликтот во Донбас, и дека воопшто е закана за Украина. Тој вели дека зад сите важни случувања во светот стои ЦИА, меѓу кои и Украина.
-Тоа е лудница, на Америка и е потребен непријател, и тоа не само еден. Јас мислам дека американската сила се базира на непријателите, бидејќи тие носат пари- заклучува Стоун кој од 2014 година кога Украина е во прашање, ги застапува проруските ставови, наведувајќи дека случувањата во Украина се во режија на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)