| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос со милиони евра држи монопол над невладиниот сектор во Македонија и го злоупотребува за политички цели

soros-m-640x360

Џорџ Сорос е пристуен во Македонија долго време, доволно долго за својата мрежа да ја расплете низ целиот граѓански сектор. Речиси и да нема НВО во Македонија која не добива средства од Сорос, а најактивните и најгласните го земаат најголемиот дел од милионскиот колач на Фондацијата Отворено Општество.

Она што е алармантно е што преку Метаморфозис, Џорџ Сорос има купено неверојатни 96 домени, кои во секој момент може да ги искористи за влијание на јавното мислење и индоктринирање како на пример во вид на портали како што се Плусинфо или Либертас, истакна Васко Ефтов во последното издание на неговата еимисија Во Центар.

Дека ништо не е случајно и дека НВО секторот во Македонија настапува како продолжена рака на СДСМ, кој од друга страна е другото лице на Сорос во државата, зборува и фактот што неслучајно Зоран Заев најави двојазичност и федерализација и неслучајно Еди Рама ги свика албанските партии. Неслучајно беше потпишана платформата на Албанците и исто така неслучајно тоа беше каменот на кој се „сопнаа“ преговорите за формирање на Влада.

– Битна причина за активна улога на Еди Рама на македонската политчка сцена особено во делот на албанските партии во Македонија е присуството и ангажманот на неговата втора сопруга Делина Фицо, која сега работи во Њујорк, но со своите ангажмани е активно вклучена во македонските политички разврски. На 25 август минатата година таа испраќа е маил до Ивона Крстевска која е генерален секретар на Македонскиот национален совет. Во тој мејл таа дава зелено светло за отпочнување на програмата ACE која е „тешка“ 9,7 милиони долари и има значајна рефлексија на политичките разврски на 11 декември, потенцира Ефтов.

delina-fico.jpg1_-640x369

Во текот на минатата недела Ефтов неколку пати се обидел да стапи во контакт со госпоѓата Ивона Крстевска. Успеал да стапи во контакт, неколку пати ја убедувал да даде интервју за емисијата „Во центар“ но таа на крајот одбила да се појави во нашата емисијата.

Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во текот на пет години, до 2021 година, ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“. Таквата можност таа ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.

Една од невладините финансирани од Џорџ Сорос е невладината организација АДИ претседател е Алберт Муслиу, кој пак настапува како еден од главните политички аналитичари кои ги бранат ставовите на СДСМ.

Невладината организација АДИ заедно со Метаморфозис и заедно со Отворено општество на Сорос и младинскиот сектор кој го претставува Ивона Крстевска се клучни 4 партнери во формирање на ЕAST WEST менаџмент институтот преку која треба да биде реализирана програмата.

east-west-640x369

Кога ќе ја погледнете структурата на AST WEST институтот кој има седиште во Њујорк и кога ќе видите кои им се нивни деловни партнери. На тој список се наоѓаат импозантни имиња меѓу кои и Фондацијата Отворено Општество и Фондот на браќата Рокефелер.

donatori-640x369

– Во најголем дел од донаторите станува збор за моќни финансиски институции со потекло од Италија. Ако имаме во предвид дека Италија беше посочувана како една од двете држави од каде што потекнува чадорот кој на некој начин беше генератор и ја покриваше целата политичка криза во рамки на Македонија, тогаш најверојатно не треба да не изненади тоа што толку моќни финансиски институции со потекло од Италија биле вклучени во рамки на формирањето на ЕAST WEST. Од друга страна на списокот на партнери и донатори можеме да ги најдеме и Рокефелер и Сорос, вели Ефтов во својата емисија.

Рамадан  Рамадани е член на Извршниот одбор на Фондацијата СОРОС во Македонија, како што може да се види на официјалниот сајт на ФООМ- Македонија.

ramadani-640x273

Рамадани, според угледната американската истражувачка агенција „Стартфор“ е исламски радикал, еден од лидерите на вахабистите во Македонија. Според македонската Исламска верска заедница Рамадан Рамадани практицира авганистански вахабистички ислам. Логично на претходното, како функционер на фондацијата Сорос, овој радикален исламски активист имаше свој удел во пролетните протести на СДСМ и Сорос, и објави свои намери за уривање на владата.

На 8 мај 2015- та година, со пост објавен додека престојувал во Либија, Рамадани најавува и повикува демонстрантите да влезат во домовите на функционерите и политичките неистомисленици, и да ги нападнат.

ramadani.png1_-640x584

– Секој ден ќе има се повеќе стапови, а се помалку знамиња меѓу демонстрантите, најавуваше Рамадан Рамадани, и вели дека во Либија го научиле – колку стапот повеќе доцнел, толку последиците биле полоши. Својата подготвеност кон насилство Рамадан Рамадани ја покажа и во тепачката кога во Скопје кога предводеше насилно преземање џамија која легално е водена од Исламската верска заедница. Токму поради неговите радикални ставови, ИВЗ се дистанцираше од него.

Промена на целата структура во НВО секторот и во разузнавачки структури на ЦИА во Македонија: 

– По неуспехот на оние Шарени револуции во рамки на Македонија доаѓа до промена на целата структура, како во НВО секторот така и во тие разузнавачки структури на ЦИА кои се под контрола на американската амбасада. Структурата на УСАИД која ја има формирано организацијата ОТИ, која работи на два проекти од кои едниот е АЦЕ, а вториот е AEКOM. На чело на целата таа структура се наоѓа полјакот Мајкл Станиславски, објавува Ефтов.

stanislavski-640x369

Станиславски бил во кабинетот во Казахстан, Киргистан и Бугарија кога во тие држави се случуваат големи улични немири и промена на власта.

– Тој во почетокот на летото, јули/август е сменет и испратен на нова должност, бидејќи е направена промена во Централниот регистар на Македонија каде што се вели дека Мајкл Станиславски не е повеќе на чело на АЕКОМ во Македонија и дека на негово место доаѓа госпоѓата Фелпс Фили Елизабет , која има британско потекло но е граѓанин на САД. Елизабет имала претходен аранжман во Либија, вели Ефтов.

filips.gif1_-640x369

filips.gif4_

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top