Игнорирањето на изборната волја на мнозинството Албанци во 2006 година беше реален проблем и предизвика криза, а истото ќе се случи и сега, бидејќи опозицијата не ја почитува волјата на Македонците, се дебатираше синоќа во „Топ тема“, на која гости беа Бујар Османи од ДУИ и новинарката Катерина Блажевска.
Според Бујар Османи, од ДУИ мора да се смета на истото доколку биде игнорирана и волјата на мнозинството Македонци изразена на декемвриските избори. Но, за новинарите и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос не е проблем да не се почитува гласот на мнозинството Македонци.
– Пред да ме прашате мене зошто бевте со ВМРО сиве овие години, ајде да се прашате себеси како ние го избравме ВМРО сиве овие десет години да биде убедливо победничка партија во македонскиот блок и тоа не може да се негира како јасна волја на македонската етничка заедница. Непочитувањето на волјата има ризик за дестабилизација на државата, објаснува Османи и потсети дека ВМРО-ДПА не издржа ни две години затоа што ДУИ тоа не го дозволи.
– 2006-2008, Владата ВМРО-ДПА не издржа ни две години затоа што ДУИ тоа не го дозволи, затоа што Албанците беа толку гневни дека некоја македонска политичка партија излезе и кажа дека нема да биде во влада тој што вие го избравте туку тој кој јас го преферирам. Вриеше во албанскиот блок, вриеше во ДУИ, таа Влада не издржа ни 18 месеци, со максимални напори на меѓународната заедница.
Османи додаде дека во ДУИ не се преземаат чекори без да се разгледаат и да се предвидат последиците. Дел од аргументите за нивната одлука се и како ќе реагира македонскиот народ на непочитувањето на неговата волја, но и како ќе реагира и доскорашниот коалициски партнер.
Опозиционерката Блажевска, поради гнев од ваквите анализи на ДУИ, со цинизам реплицираше дека партијата ја релативизира реалноста.
– Ова е врвот на демагогијата вечерва што го кажувате. Вие се загриживте за македонските гласачи, ако вие не направите коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)