Сент Етјен со 2-0 го победи Лион, во дербито на француското првенство, а освен двата гола, за одбележување беше тоа што се случи во судиското надополнување. Домашниот играч Фабијан Лемон влезе во игра во 87 минута, а малку фалеше да заврши со тешка повреда.
Во 92 минута, над Лемон, со двете нозе стартуваше Гезал, кој доби втор жолт картон, што автоматски значеше и исклучување. Само 30-тина секунди подоцна, врз Лемон брутално стартуваше и Толисио, кој доби директен црвен картон.
Играчот на Сент Етјен нервозен дека за една минута два пати беше опасно фаулиран, реши да го напушти теренот. Во негова одбрана застана тренерот на Сент Етјен, Криштоф Галтер.
– Точно дека ова беше дерби, но овојпат Лемон за малку ќе заработеше скршеница на ногата. Тој влезе да игра фудбал и не заслужи такви стартови. Затоа и го напушти теренот – вели Галитер.
💬 Lemoine : "Je ne joue pas pour me faire casser la jambe"
💬 Caïazzo : "Tu as raison, mais c'est des enc… !" #Jplus1 pic.twitter.com/EdubrCtR6l
— J+1 (@jplusun) February 5, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)