| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на Девисов куп: Шаповалов бесен гаѓаше во судијата, Канада дисквалификувана (ВИДЕО)

Тениската репрезентација на Канада е дисквалификувана од Девисовиот куп откако на мечот со Велика Британија играч со топче го погодил судијата во окото.

Денис Шаповалов, 17-годишник кој е роден во Тел Авив, направи инцидент, така што во мечот против Кајл Едмонд, лут поради промашениот бекхенд, наместо топчето да го лансира меѓу гледачите, тој го погоди во окото главниот судија Арно Габас.

Во тој момент Канада и Велика Британија беа израмнети во победи 2:2, а во решавачкиот петти меч Едмунд имаше предност од 6:3, 6:4, 2:1. Откако се случи инцидентот, Канаѓаните беа автоматски дисквалификувани.

– За среќа, судијата е добро. Ова е неприфатливо однесување од моја страна. Се чувствувам ужасно, како да го предадов својот тим и својата земја. Ветувам дека веќе нема да си дозволам вакво нешто – изјавил Шаповалов, кој е јуниорски шампион на Вимблдон.

Меѓународната тениска федерација во соопштението кое го објави наведува дека „очигледно Шаповалов немал намера да го погоди судијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top