| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи на 106 години, таа е најстарата невеста во светот (Видео)

На 106 годишна возраст, Владемира Родригез го кажа судбоносното „да“ пред својот 66­ годишен партнер, Апаресидо Дијаз Јаков и покрај советите на лекарите да не го прави тоа поради кревкото здравје.

Вљубените бабичка и дедо кои заедно имаат 172 години се запознале во пензионерскиот дом во Пирасунунга, југоисточен Бразил, каде што престојувале. Двајцата изјавија дека нивната љубов е доказ за тоа дека луѓето можат да најдат сродна душа на секоја возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top