| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ги повлекува војниците од Мали

francija_mali

Франција започна да ги повлекува своите војници од нејзината поранешна колонија, Мали, по четиримесечната интервенцијата против бунтовниците во северниот дел на Мали.

Конвој камиони денеска ја напуштија воената база кај главниот град Бомако и се упати кон Брегот на Слоновата Коска. Тенковите и околопните возила засега ќе останат во северниот дел на земјата.

Франција почна со повлекувањето на некои од своите 4.000 војници во април, а за безбедноста на земјата треба да се грижи армијата на Мали и мировните сили на Обединетите нации, кои ќе бидат распоредени во земјата во јули, пред одржувањето на изборите.

Во Мали има уште 3.800 француски војници, а планирано е до септември нивниот број да се намали на 2.000, а до крајот на годината до илјада. Мировните сили на Обединетите нации ќе бидат составени од 11.200 војници и 1.440 полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top