Четворица француски полицајци се приведени под сомнение дека со пендрек силувале 22-годишно момче во тек на претрес. Момчето навело дека полицајците употребиле прекумерна сила во тек на проверката на неговата лична карта и дека еден од нив му забил пендрек во анусот. Нападот, наводно се случил на улица, пишува АФП, повикувајќи се на Паризиен.
Освен тоа, се истакува дека момчето имало неколку рани и дека морало итно да се оперира, а лекарите му советувале два месеца да биде на боледување.
Локалното обвинителство повело истрага.
Нападот е снимен со сигурносна камера, а на снимката се гледа дека еден од полицајците хоризонтално го забива пендрекот во правец на приведениот, по што панталоните „сами паѓаат“, истакнал извор близок на истрагата.
Делови од снимката објавила телевизијата „Паризиен“. Сведок на нападот вели дека на местото имало крв.
Полицајците ги негираат обвинувањата. Министерот за внатрешни работи на Франција нагласил дека „брзо ќе бидат расветлени сериозните обвинувања“.
Во неделата обвинението против полицајците е преименувано во „доброволно насилство со отежнувачки околности“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)