Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најавува акцијата „И книгите одат во пар“, која почнува денеска, а ќе трае до крајот на февруари. По повод месецот на виното и на љубовта, „Антолог“ нуди прекрасни можности за да им одберете подарок на вашите сакани и блиски.
Во „Антолог“ овој месец и книгите одат во пар, а ги „спарувате“ вие. За само 400 денари читателите може да си направат комбинација од две книги (по сопствен избор) од следните 12 наслови:
– Љубовна саботажа од најценетата белгиска писателка Амели Нотомб,
– Жените на Лазар од Марина Степнова, добитничка на највисоката руска книжевна награда „Големата книга“,
– Вештерката и дождот од Јурга Иванаускаите, забранет роман во Литванија, кој стана европски бестселер,
– Романот со оригинално течење на дејството, Плима од Инга Абеле,
– Блуз од мешана крв од Еси Едуџин, добитничка на канадската награда „Гилер“,
– Последици од Нина Вејерс, добитничка на наградата за најдобра дебитанска книга „Антон Вахтер“,
– Творецот на ангелите од Стефан Брејс, досега преведена на повеќе од 15 јазици со 39 изданија само во Белгија,
– Ремек-делото на модерната готика Седумцрквие од „црниот витез на чешката литература“ Милош Урбан,
– Чик од Волфганг Херндорф, која цела година котирала на листата на бестселери во Германија,
– Ножот на Аврам од Отар М. Нордфјорд, кого го нарекуваат „исландскиот Ден Браун“,
– 18% сиво од Захари Карабашлиев, најпродавана книга во Бугарија и добитник на наградата „Вик“ за роман на годината, како и
– Седумтемина луди од Роберто Арлт, жестока антиутопија, во која вистината и фантазијата си ги заменуваат местата.
Акцијата ќе се одвива во просториите nа „Антолог“, како и во новата електронска книжарница на „Антолог“. По тој повод, промотивно, сите нарачки овој месец ќе бидат со бесплатна достава, како подарок од „Антолог“ за читателите. Електронската продавница на „Антолог“ е достапна на www.antolog.mk и таму може да се купат сите наслови од богатата продукција на оваа издавачка куќа.
Традиционално, и овој февруари, за секоја сметка над 900 дененари купувачите во Книжевен центар „Антолог“ ќе добијат на подарок шише првокласно вино „антологиско“.
– Ова вино не се продава, туку е оригинален подарок што „Антолог“ им го доделува на своите странски и домашни соработници и пријатели, како инспирација за многу пријатни творечки и животни моменти – објаснуваат од „Антолог“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
„Антолог“ го објави романот „Просечен индекс на среќата“ која ја доби Наградата за литература на ЕУ за 2015