Душко Тошиќ е исклучен во мечот од осминафиналето во турскиот фудбалски куп, поради тоа што ги удри со глава Робин Ван Перси, кој не само што го избегна ќотекот, туку и му донесе победа на Фенербахче над Бешикташ со 0-1.
Во 4. минута Тошиќ и Ван Перси паднаа на работ на казнениот простор, а судијата свиреше прекршок во корист на холандскиот напаѓач. Бесен, бидејќи беше убеден дека ривалот го одглумил прекршокот, Тошиќ му се пушти, го удри со глава. Тошиќ доби црвен картон, што дополнително го разбесни, па се вдаде кон Холанѓанецот за да му се одмазди. ГО спречија соиграчите и тоа двапати, а Ван Перси во 72. минута даде гол за влез во четвртфиналето.
Секако, овој настан бурно го следеше и уште побурно твитуваше за него и сопругата на Душко Тошиќ, Јелена Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)