| четврток, 6 декември 2018 |

„Дербито на Италија“ за Јувентус, Интер ја прекина серијата од седум триумфи (видео)

kvadrado

Пред „Дербито на Италија“ кое се одигра вечерва во Торино, Интер имаше седум едноподруго победи во Серија А, но сето тоа запрено од кој друг, ако не од „Старата дама“. Јувентус во 23. коло од италијанското првенство стигна до триумф од 1-0 против „нераѕурите“ по кој дополнително се зацврсти на врвот од табелата.

Херој во победата на Јуве беше Квадрадо со евро-голот во 45. минута од средбата, кој на крајот се покажа сосема доволен за три бода.

По овој триумф, Јувентус има 54 бода на врвот од табелата, шест повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Наполи, додека на третото место е Рома со 47 бода. Интер остана на 5. место со 42 бода, колку што има и четвртопласираниот Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top