| четврток, 6 декември 2018 |

Сицилија го слави Несторовски, повторно со негов гол Палермо до три бода (видео)

palermo

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е херој на Палермо во триумфот против Кротоне од 1-0 во 23. коло од Серија А.

Во битката за опстанок, Несторовски конечно носи победа за „сицилијанците“ по речиси два месеци. Последен пат Палермо славеше во италијанското првенство во декември на гостувањето против Џенова со 3-4, а сега со погодокот на македонскиот голгетер стигна до третата победа сезонава.

Несторовски, кој одигра 92 минути, во 27. минута против директниот конкурент за опстанок го постигна деветтиот свој гол сезонава во Италија. Во почетниот состав за Палермо настапи и Александар Трајковски, кој одигра 75 минути на натпреварот.

 

По оваа победа Палермо со 14 бода изби пред Кротоне на табелата кој остана на 13 бода. Местото кое нуди опстанок за Палермо е оддалечено сега осум бода. Емполи, по денешното реми со Торино, е со 22 бода на 17-та позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top