| четврток, 6 декември 2018 |

Сите очи впрени во нив: Зошто Трамп два пати ја пушти раката на Меланија? (Видео)

Откако тој и официјално ја презде функцијата претседател на САД, се случи и првото заедничко појавување на Доналд и Меланија Трамп на Палм Бич во Флорида. По слегувањето од авионот, во моментов најпопуларната двојка во светот се однесуваше, благо речено, чудно. Имено, Меланија цело време се обидуваше да го држи Доналд за рака, но тој како упорно да ја избегнуваше.

donald

Првата дама на САД неколку пати се обиде да го фати својот сопруг за рака, а тој вешто избегнуваше да ја држи повеќе од неколку секунди.

Се чини дека новоизбраниот американски претседател не е голем обожавател на тоа јавно да ја искажува љубовта кон својата сопруга.

Сепак Меланија и овој пат изгледаше неверојатно убаво во црвена креација, но залудно кога тоа не беше доволно за Трамп. Женската популација и овој пат се чини нема да му го прости ваквото недолично однесување кон една дама на новиот претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top