| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок пад на Шлиренцауер, но е надвор од животна опасност (видео)

Австрискиот ски-скокач Грегор Шлиренцауер доживеа тежок пад при еден скок на леталницата во Оберсдорф по што остана да лежи неподвижен на снегот.

Тој при доскокот по летот од 201 метар ја изгуби рамнотежата и цели 15 секунди не се помрдна се додека не му се укажа лекарска помош. За среќа Австриецот е надвор од животна опасност и првичните прогнози се дека тој има повреда на предните вкрстени лигаменти на колената и за него сезоната е завршена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top