| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилска диета

Ако не сакате јајца, најдобро е воопшто да не започнувате со оваа диета. Мислењата за неа се доста контрадикторни, но таа навистина покажува резултати.

Диетата трае 14 дена.

Може да го симнете од 4 до 5 кг

Првите два дена:

По три пати на ден по едно варено јајце, по една шолја кафе и по едно јаболко.

Трет ден:

Појадок – 2 варени јајца

Ручек – 100 г печено телешко со чорба од спанаќ

Вечера – 1 варено јајце и 4 лажици пире од спанаќ

Четврти ден:

Појадок -1 јајце

Ручек – 150 г варена риба и 1 домат

Вечера – 2 варени јајца и шолја кафе.

Петти ден:

Појадок – 1 варено јајце

Ручек – 2 варени јајца и 1 домат

Вечера -150 г печена риба и 150 г варен зеленчук, зачинети со оцет.

Шести ден:

Појадок – 1 варено јајце и шолја кафе

Ручек – 150 г печено телешко месо, салата од краставици

Вечера – 100 г печено телешко, 1 домат, шолја кафе.

Седми ден:

Појадок – 1 варено јајце

Ручек – половина печено пилешко и 150 г зеленчук по избор;

Вечера – другата половина од пилешкото, 1 јаболко, шолја кафе.

Следната недела диетата се повторува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top