Голема несреќа се случила вчера во Скопје во 13 часот на улицата „Трета Македонска Бригада“. Полицијата денеска информира дека 40-годишниот М.М. од селото Сопиште, чистејќи ја настрешницата од снег од угостителски објект паднал од висина, при што се здобил со повреда во пределот на главата.
Истиот бил пренесен во Ургентен Центар Скопје каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.