| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку влезе во историјата, го постигна 300. хет-трик во историјата на Премиер лигата

Фудбалерите на Евертон со 6-3 го совладаа Борнемут, а фудбалерот на „карамелите“ Ромелу Лукаку ќе остане запишан во историјата на Премиер лигата, откако го постигна 300. хет-трик.

Моментот, кој засекогаш ќе остане во историјата на Премиер лигата е голот во 83. минута, со кој Евертон поведе со 4-2. Воедно, тој го постигна и голот за 5-2 во 85. минута, а тоа беше негов четврти и претставува рекорд на неговата кариера.

По вчерашните четири гола, Лукаку се искачи и на врвот на листата на стрелците со 16 гола или еден повеќе од Диего Коста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top