| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио победи, Грег Попович го симна од врвот Џери Слоун со најмногу победи (видео)

greg popovic

Легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович го престигна легендарниот Џери Слоун од Јута и стана тренер со најмногу победи со една иста екипа во историјата на НБА лигата. Овој неверојатен рекорд Попович го собори во победата на Сан Антонио против Денвер со 121-97, што значи триумф број 1.128 во кариерата на големиот стручњак. Токму Грег Попович е именуван за нов селектор на САД на следните големи приредби, Светското првенство во Кина и Олимписките игри во Токио.

Кавај Ленард со 19 поени, Џинобили, Симонс и Паркер со по 18 поени беа најдобри поединци во победничката екипа. Мареј со 20 поени беше најефикасен во поразениот Денвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top