Германскиот магазин „Де Шигел“ објави мејл комуникација на Дејвид Бекам која ги открива вистинските причини поради кои поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед се занимава со хуманитарна работа. Магазинот објави наводни мејлови во кои 41-годишниот Бејам го критикува одборот за доделување на „Орденот на британското царство“ лутејќи се како не е награден со титулата витез и покрај долгогодишната хуманитарна работа. Бекам пишувал дека секако хуманитарната работа му е за да дојде до посакуваните титули.
Од мејловите се открива и дека Бекам барам од УНИЦЕФ повеќе од 6.000 фунти да му се плати патот на Филипини, каде ги посети децата по тајфунот „Хајиани“, и покрај тоа што претходно спонзорите му осигурале приватен авион. Но, парите за пат од УНИЦЕФ сепак си ги побарал на својата сметка.
„Членовите на одборот се неблагодарни. Не сакам ордени со ниска вредност. Кој одлучува за тоа??? Ако не ме назначат за витез, тоа е срамно. Да бев Американец таква титула ќе добиев уште пред 10 години. Кетрин Џенкинс доби орден за што? Затоа што пее на рагби натпревари, посетува војници и зема кокаин“ – пишува во еден од мејловите кои Бекам во 2013 година ги испратил на ПР менаџерот, Симон Оливеира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.