Во Македонската опера и балет денеска ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“.
Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае и едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пејачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ.
Настапуваат Симона Петровски и Надежда Рубен како лиска, Марика Поповиќ и Катерина Бошковска како меца, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев и Борко Биџоски како зајко и Невен Силјановски како буф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.