Балетската компанија од Сиднеј (Sidney Dance Company) одржа необичен перфонманс во кој нејзините членови играа голи пред исто така голата публика.
Се работи за балетски вињети под името „Nude Live” инспирирано од актуелната изложба посветена на работењето во сиднејската галерија на Нов Јужен Велс, кореографии полни со физичка присутност и емоции.
Кореографот Рафаел Воначело смислил минијатурни танци кои се изведувани во осум изложбени сали во галериите на Нов Јужен Велс. Седум балетани играле околу сликите, скулптурите и фотографиите на Пикасо, Фројд, Матис и Роден.
Кога продажбата на картите за овој гол балетско-уметнички перформанс се намалувала, организаторите се одлучиле за мал експеримент: додале настапи само за гола публика. Три „голи” вечери се продадени многу побрзо од порано.
Единствен услов бил да мора апсолутно се да соблечете од себе, и да сте постари од 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.