Во последниот натпревар од 19. коло во Бундеслигата, фудбалерите на Борусија Дортмунд во дерби натпреварот го совладаа тимот на РБ Лајпциг со 1-0. И овој натпревар се играше пред преполниот „Сигнал Идуна Парк“, а домаќините имаа огромна поддршка од „жолто-црниот“ ѕид.
Избраниците на Тухел од самиот старт беа решени да ги освојат трите бода на денешниот натпревар. Сепак првата шанса ја имаа гостите, откако по голот на „милионерите“ се закани Орбан, но Бурки лесно одбрани. Како одминуваше полувремето, фудбалерите на Борусија го креваа ритамот на натпреварот, а тоа вроди со плод во 35. минута, кога Обамејанг со глава ја смести топката во празната мрежа.
По паузата главно иницијативата ја имаа гостите, но „жолто-црните“ на неколку пати имаа прекрасни шанси преку брзите контранапади. Најпрво се закани Обамејанг во 51. и 59. минута, а прекрасна шанса имаше и Ројс, кој биеше за малку покрај стативата. Во 82. минута Ројс повторно излезе сам пред голманот на Лајпциг, но повторно за малку биеше непрецизно. Сепак до крајот гостите не успеаа да ги казнат промашувањата на домаќините, имаа и поништен гол заради недозволена позиција во 93. минута и трите бода сосема заслужено останаа во Дортмунд.
Со оваа победа „милионерите“ се искачија на третото место на табелата, а Лајпциг остана втор зад Баерн, но сега со четири бода негатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)