| четврток, 6 декември 2018 |

Челси чекор поблиску до титулата, на „Стемфорд бриџ“ падна и Арсенал (видео)

celsi

Во големото лондонско дерби на стартот од 24. коло во Премиер лигата, екипата на Челси ја продолжи доминацијата и го победи Арсенал со, кој и денеска настапи без Арсен Венгер на клупата. „Сините“ на Антонио Конте одговорија на предизвикот на уште еден кандидат за титулата и со новите три бода уште повеќе ја зацврсти челната позиција на табелата.

Маркос Алонсо го доведе Челси во водство во 13.минута, откако се извиши над Белерин и постигна гол со глава, но и го разнесе Шпанецот во овој воздушен дуел. Гостите бараа фаул, но, сепак погодокот беше признат.

Во вториот дел, Еден Азар изведе свое шоу, земајќи ја топката на средината на теренот, а потоа сам против сите во соло продор ги надмудри противничките одбранбени фудбалери, тресејќи ја мрежата на Петр Чех во 53.минута,

Сеск Фабрегас во 85.минута ја искористи грешката на Чех и го лобуваше од триесетина метри за убедливи 3-0, а во судиското продолжение Оливие Жиру го постигна почесниот погодок за Арсенал во оваа дерби пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top