Рускиот професионален боксер во тешка категорија, Александр Поветкин доби лоши вести, откако и Б примерокот на забранетата супстанца за подобрување на физичката издржливост, остарин му беше позитивен. Ако биле доследна светската боксерска федерација, ќе му изрече долга суспензија на рускиот боксер.
Tестот од 6 декември минатата година е позитивен и дури и жалбата не му помогна на Русинот. Боксерот дал примероци и на 13 и на 15 декември, кои се проверени во лабораторија во Лозана и се негативни. Затоа Светскиот боксерски совет не го казни Русинот.
Сепак Поветкин на 17 декември во Екатеринбург требаше да се бори за титулата, но Бирмејн Стиворн ја одби борбата по информацијата за позитивниот допинг-тест на противникот.
Наместо со него, Поветкин излезе во рингот против Французинот Жоан Дјуопа и го нокаутира во шестата рунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.