Македонскиот интернационалец играше 15 минути во драматичната победа на Виктори над големиот ривал Сити со 2-1
Даниел Георгиевски и Мелбурн Виктори го добија дербито против Мелбурн Сити со 2-1 во рамките на 18. коло на Австралиската лига. Македонскиот интарнационалец во игра влезе во 80 минута, при резултат 0-1. Во еден неизвесен меч, во првиот дел не видовме ниту еден погодок. Гостите, преку Килкени поведоа во 70. минута,откако претходно Бериша промаши пенал.
Токму овој фудбалер во 84. минута го израмни резултатот, додека комплетен пресврт неколку моменти по голот и по измената, Мускат си постигна автогол. Очекувано, гостите во самиот крај беа многу нервозни, па така Тим Кејхил доби црвен картон од клупата за резервни фудбалери, а вкупно беа доделени 11 жолти картони.
Со оваа победа, Виктори се зацврстија на второто место со 35 бодови, додека, пак, Мелбурн сити остана на бројката од 26.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.