| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско дерби на стартот на СЕХА-лигата

Металург и Вардар повторно ќе ги одмерат силите уште на самиот старт на СЕХА-лигата, беше утврдено со распоредот за новата сезона на регионалното ракометно натпреварување, официјално објавен денеска. „Металурзите“ на 29 август ќе бидат домаќини на бранителот на трофејот, меч што најверојатно ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ каде тимот од Автокоманда досега ги играше своите домашни средби во СЕХА.

Првото коло од ова натпреварување всушност ќе биде искористено за локални пресметки, па така во српското дерби Војводина ќе го пречека Динамо Панчево, Загреб во хрватската пресметка ќе биде домаќин на Целје, а силите ќе ги одмерат и двата тима од Словенија, Горење Велење и Целје. Во последниот натпревар од ова прво коло Татран Прешов ќе го пречека Мешков Брест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top