| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике: Роналдињо е магионичар!

enrike i ronaldinjo

Луис Енрике беше дел од екипата, која Роналдињо пристигна на „Камп Ноу“ во 2003 година. Сегашниот тренер на Барселона добро го познава бразилскиот фудбалер, за кого вели дека повеќе му наликувал на сурфер, отколку на фудбалер.

– Позитивна работа е што Роналдињо ќе биде наш нов амбасадор. Тој беше пионер на една ера, која донесе голема радост и револуција во играта на Барселона, која се чувствува и денес. Се сеќавам на неговата презентација пред публиката. Повеќе личеше како да е сурфер, а не фудбалер. Имаше многу магија во неговата игра. Неговите квалитети на теренот беа несомнени и заедно со напорната работа придонесоа екипата да верува повеќе во своите можности, што доведе до доминација во следните неколку години – рече 46-годишниот Луис Енрике, сегашен тренер на каталонскиот гигант.

Сите поврзаници на Барселона со нетрпение го очекуваа неговиот кам-бек, а денес тој ја израдува шпанската екипа и за првпат им се обрати како нов амбасадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top