Секому му е познат феноменот на губење на едниот чорап, па честопати луѓето не знаат што да прават со оној кој им останал. Но, тој не е толку бескорисен колку што може да си замислувате. Постојат многу начини на кои можете да го искористите, а во продолжение погледнете некои од нив.
1. За убивање на мирисот на обувките
Наполнете го чорапот со сода бикарбона или кафе, па оставете го да стои во обувките кои имаат непријатен мирис. Наредното утро ќе бидете изненадени.
2. Ладна облога
Кога ќе ве касне некој инсект, важно е да го разладите отечениот дел на кожата. Бидејќи директното ставање лед на кожата не е здраво, чорапот со лед совршено ќе ве заштити, а истовремено ќе ви користи како облога.
3. Чување на накитот
Овој начин можете да го користите за складирање на накитот кога ќе заминете некаде на патување, но одличен е и да го користите дома. Со ова тој ќе биде и заштитен и организиран.
4. Заштита од топлиот метален дел на појасот во автомобилот
Во летните денови, металниот дел од појасот во автомобилот може да стане премногу топол, при што лесно е да се изгорите. Ставете чорап преку тој дел и ќе бидете заштитени.
5. Изолација на пијалаците
Без разлика дали е топол или студен, пијалакот долго ќе ја одржува својата температура!
6. Пакување подароци
Наредниот пат кога ќе сакате да однесете вино како подарок, замотајте го во некој интересен чорап кој ќе ја направи атмосферата поинтересна.
7. Заштита на подот
Кога ќе го преместувате мебелот, ставете чорапи под ногалките, при што ќе го спречите гребењето на подот, но и подместувањето ќе ви оди полесно.
8. Маска за спиење
Чорапот има иста големина како и маската за спиење. Само додајте ластик на краевите, а внатре можете да ставите лаванда, камилица или друго растение кое ќе ве релаксира.
9. Четка за полирање чевли
Старите чорапи се совршени за полирање чевли. Нанесете на него средство за полирање и лесно завршете ја својата работа.
10. Спречете го креветот да не крцка
Доколку ви крцка креветот, тогаш ставете чорап на критичното место и одморете се.
11. За шиење на фармерките
Децата имаат обичај да ги кинат фармерките, особено на нивните колена. Но, не мора веднаш да ги фрлате. Земете некој стар чорап, исечете ја потребната големина и зашијте го на скинатото место. Овој трик можете да го применувате на која било облека.
12. Чистач на табла
Чорапите се добри за бришење на табла и можете да ги користите одново и одново!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.