Себастијан Фетел ќе стане првиот пилот во Формула 1, кој ќе вози тркачки автомобил без традиционалните специјални чевли, тврди „Авто Билд“. Германецот ќе се искористи нова технологија на „Пума“, партнер на Ферари. Четирикратниот светски шампион ќе го замени уште овој викенд во Русија чевлите со чорапи, кои се зајакнати на потребните места и веќе добија хомологација од Меѓународната федерација за моторите.
Една од главните предности на чорапите е тежината – само 135 грама, а производителот гарантира дека пилотот ќе има поголема чувствителност со стапалата.
– Се обидовме сè да е максимално поедноставено. Ова се првите спортски чорапи кои не горат. Себастијан одигра голема улога во развојот на нивните – објаснија од фирмата производител.
По првите три трки во новата сезона, Фетел е на водечката позиција во конкуренција на возачи со две победи, првата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн и втората на последната трка за ГН на Бахреин.
Трката за ГН на Русија ќе се вози на 30 април (14 ч) на патеката во Сочи. Тоа е четврта трка на календарот на Ф1 за оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.