| четврток, 6 декември 2018 |

Што значи спиењето со чорапи?

Според најновото истражување на група експерти од САД, спиењето со или без чорапи открива многу повеќе работи за луѓето.

Ако носите чорапи додека спиете, веројатно сте многу чувствителни на ладно. Ова може да е поврзано со вашиот надворешен изглед, односно со дебелината на вашата кожа и вашиот метаболизам. На луѓето со забрзан метаболизам постојано им е жешко и често се потат, додека, пак, оние со бавен метаболизам имаат слаба циркулација на крвта и затоа им е поладно отколку на другите луѓе.
Меѓутоа, додека чувствителноста на ладно е состојба што има врска со физичките и биолошките карактеристики, таа исто така е поврзана и со вашата перцепција за простор и температура. Па така, две лица со слични физички карактеристики можат да ја доживеат надворешната клима на сосема различен начин.
Луѓето кои чувствуваат потреба да спијат со чорапи обично сакаат да бидат заштитени. Ако вие сте едни од нив, големи се шансите дека обожавате удобни, мали катчиња и секогаш сакате да остварите длабока и интимна врска со другите луѓе. Не ви пречи да го споделите вашиот личен простор и обожавате гушкање и галење.

Ако самата помисла од тоа да спиете со чорапи прави да се чувствувате неудобно, тоа е така веројатно затоа што или имате побрз метаболизам од останатите и добра циркулација на крвта или подебела кожа. Имате биолошка предиспозиција да зачувувате и создавате топлина и затоа немате потреба да ги покривате стапалата.
Но, причината не е само физичка. Тоа што сте помалку чувствителни на ладно е поврзано со начинот на кој комуницирате со луѓето. Ако спиете боси, веројатно сте многу независна личност. Вие многу го цените вашиот личен простор, а со други луѓе стапувате во контакт само ако сакате да се социјализирате. Кога сте во љубовна врска, вие ја преземате улогата на заштитник. Целосно сте искрени и тоа понекогаш може да биде ризично, но факт е дека знаете добро да се грижите за луѓето кои ви значат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top